Македонија полуде! Колку милиони евра Македонците потрошија во „Зара“, „Масимо Дути“ и „Бершка“?
Како македонскиот пазар реагира и конзумира „тренди“ светски брендови? Резултатите се навистина импресивни. Очигледно дека Македонците лудуваат по моделите на “Бершка“, „Пул и Беар“, „Масимо“… и другите од продажната линија на „Индитекс“. Верувале или не, домашната фирма што ги застапува и дистрибиура на нашиот пазар лани од продажба инкасирала речиси 21 милиони евра
Македонецот е чуден ков, нема за леб ама за добро парче облека секогаш ќе најде. Животниот стандард и одалеку не е на завидно ниво, но брендовите на облека кои и не се баш ефтини, македонецот не само што не ги заобиколува туку и сериозно ги преферира. Ваквиот наш став не се базира на слободна перцепција туку на анализа која е добиена од бројките кои фирмата што тргува со овие брендови ги презентира пред државните институции.
Македонското застапништво на едни од најреномираните текстилни производители: „Зара“, „Бершка“, „Пол анд беар“ и „Масимо“ лани остварило приходи во износ од 20,84 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од скратениот исказ достапни во базата на Централниот регистар (ЦРМ).
Се работи за остварени приходи во малопродажба на текстилни брендови на кои можат да и позавидат и некои условно речено многу по атрактивни бизниси. Интересното е што трендот на зголемен промет не застанува тука, туку продолжува со забрзана динамика.
Имено, друштвото лани ги зголемило своите вкупни приходи за 3,3 отсто односно за 660.000 евра. Вкупните расходи на компанијата во овој период изнесуваат 17,19 милиони евра и во споредба со 2017 година бележат раст од 1,5 отсто односно за 250.000 евра.
Забележително исто така е дека со растот на приходите расте и бројот на вработени што секако е за поздравување и го потврдува фактот дека квалитетната работна сила и тоа како може да влијае врз приходната ставка, а со тоа и на крајниот резултат , добивката на компанијата.
Добивката на оваа компанија, што лани вработувала 100 луѓе односно 43 отсто повеќе од 2017 година, лани изнесува 3,26 милиони евра и е за 13 отсто повисока од профитот што компанијата го остварила во 2017 година.
poveke na https://faktor.mk/makedonija-polude-kolku-milioni-evra-makedoncite-potroshija-vo-zara-masimo-duti-i-bershka