Mуслиманите се позадоволни со своите животи отколку припадниците на другите вери
Новата студија покажала дека муслиманите се позадоволни со своите животи отколку припадниците на другите вери. Тие се позадоволни со своите животи бидејќи чувствуваат поголемо единство и поврзаност.
Новото
истражување на тим германски психолози укажува на тоа дека чувството на
единство го наговестува вкупното задоволство. Во оваа студија
учествувале 67.562 припадници на различни религиски заедници, а
резултатите покажуваат дека муслиманите чувствуваат најголемо чувство на
единство, пишува “Daily Mail”.
Истражувањата од бројни дисциплини, вклучувајќи религија, филозофија и психологија, укажуваат на тоа дека различните поврзаности доведуваат до сеопфатно чувство на благосостојба. Истражувачите од универзитетот во Мејнхајм, Германија, сакале да анализираат како единството влијае врз задоволството во животот во различните религии.
Според новата студија објавена во магазинот на Американското психолошко здружение, муслиманите верувале дека се поврзани со нешто поголемо од нив самите. По муслиманите, на второто место се наоѓаат христијаните, а по нив следуваат будистите и припадниците на хиндуизмот. Атеистите се чувствувале најмалку поврзани со другите или со некоја виша сила, а математичкиот модел кој го осмислиле истражувачите ја потврдил силната врска помеѓу единството и задоволството во животот.
Целта на будизмот е нирваната, на хиндуизмот е вистината, а најважниот принцип на исламот е “тевхид”, верувањето во единствениот концепт на монотеизмот. Поради тоа не е чудно што муслиманите имаат најголемо чувство на единство.