Ладна ги објави победниците на 10. детски ликовен конкурс
Заврши јубилејниот 10. детски ликовен конкурс на Ладна, кој секоја година ги поттикнува младите уметници да го истакнат својот талент и да ја разбудат креативноста. Натпреварувањето и оваа година беше поделено во две категории, и тоа деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години.
На конкурсот оваа година учествуваа рекорден број на мали уметници, кои ги испратија своите дела и ја покажаа својата извонредна уметничка способност. Главната награда во двете категории беше патување во Дизниленд, Париз за малите уметници и за нивните семејства.
Победници во категорија 4 до 7 години:
– Сијана Галазка Василев, 4 години – Награда: Патување во Дизниленд, Париз
– Софиа Доневска, 5 години – Награда: Годишен курс за цртање
– Бисера Стојковска, 4 години – Награда: Таблет за цртање
Победници во категорија 7 до 10 години:
– Јосиф Наумовски, 8 години – Награда: Патување во Дизниленд, Париз
– Ива Трпчевска, 9 години – Награда: Годишен курс за цртање
– Ниса Ислами, 8 години – Награда: Таблет за цртање
Жири комисијата, која беше составена од истакнати професионалци во областа на визуелните уметности, ги оценуваше цртежите врз основа на креативноста, оригиналноста и техничката вештина која малите уметници ја покажаа.
„Затвораме уште едно успешно издание на детскиот ликовен конкурс и им честитаме на сите талентирани млади дечиња кои учествуваа во конкурсот, а особено на добитниците на награди. На наша огромна радост бројот на пристигнати цртежи на овогодинешниот ликовен конкурс надмина 4.800 цртежи што е позитивен знак дека нашата порака стигнува онаму каде што треба“, изјавија од Ладна.
Ладна им се заблагодарува и на родителите и на наставниците коишто им помогнаа на дечињата да ги испратат цртежите за конкурсот. Големиот број на пријавени дела е доказ дека децата имаат силна желба да ги истакнат своите таленти, па затоа Ладна им порачува да продолжат да го прават тоа и да се надградуваат себе си, за да покажат дека креативноста не познава граници.