Инспектори биле избркани од универзитет во Струга

 Двајца просветни инспектори од Скопје  вчера во полициската станица во Струга пријавиле дека биле спречени да извршат надзор во работата на Меѓународниот универзитет во Струга.

МВР соопшти дека инцидентот бил пријавен вчера во 13 часот, а се случил истиот ден во 11 часот кога двајцата инспектори влегле во просториите на Меѓународниот универзитет врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, требало да извршат вонреден инспекциски надзор.

– При нивното влегување во просториите на Универзитетот, биле пречекани од одговорното лице кој,  откако му биле покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови. Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор  кое му било покажано и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот, наведуваат од МВР.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Translate »