Раст на цените во малопродажба во Септември!

Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика.

Зголемување на трошоците на животот и цените на мало се забележува и во споредба на септември во однос на август 2021 година. Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало изнесува 99.5.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2,5 отсто, пивото за 0,7 отсто, рибата и морските плодови за 0,4 отсто, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0,2 отсто.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3,1 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2,9 отсто, гасот за домаќинствата за 2,2 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 1,2 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,8 отсто, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0,7 отсто, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,6 отсто, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0,3 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата и сл. за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,4 отсто и млекото за 0,3 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9,4 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 9,3 отсто, услугите за сместување за 3,3 отсто, книгите за 1,2 отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,9 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,6 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0,5 отсто, обувките за 0,3 отсто и моторните возила за 0,2 отсто.

Translate »