Пет начини како да ги научите луѓето да ве почитуваат

loading...

 

Ако сакаме да бидеме почитувани, мораме самите да поставиме  граници до каде ќе одиме со нашата толеранција.  Тие граници претставуваат невидливи упатства за луѓето  околу нас. Со нивна помош самите  се дефинираме кои сме и што сме.  Така јасно  им  даваме на знаење на  другите луѓе дека треба да нè почитуваат. Ако ги применуваме правилно, луѓето во нашата околина  ќе го променат своето однесување кон нас  на подобро,  објаснува психологот Aн Вертел во текстот за “Thrive Global”.

Еве пример, замислете дека вашиот пријател постојано ви доцни. Се разбира, тоа ве вади од кожа.

На овој проблем секој реагира различно, некој ќе се лути, некој ќе премолчи иако нема да му биде мило, некој ќе се развика.

Сепак, генерално,  постојат три типа реакции:

  • Пасивна реакција- Кога го дозволувате неприфатливото однесување
  • Агресивна реакција – Кога напаѓаме, викаме и обвинуваме
  • Пасивно-агресивна реакција  – Кога “мрчиме”, правиме фаци, стануваме зајадливи и цинични

Ниту една од овие реакции  не е решение велат психолозите.

Наместо вака да реагираме  на неприфатливото однесување , треба да одговориме , советуваат експерите. А  одговорите можат да бидат:

1. Отворeн одговор

Ќе покажеме дека имаме разбирање , но и ќе укажеме на проблемот. На пример – Знам  дека си во гужва, но не е убаво што доцниш.

На овој начин сме културни, не обвинуваме никого директно, туку само укажуваме дека однесувањето на пријателот не е прифатливо.

2. Директен одговор , со јасно барање

Ќе го посочите проблемот директно – Те молам, другпат,  дојди  навреме.

3. Информативен одговор

Ќе објасните како се чувствувате поради доцнењето и дека тоа ви претставува проблем  –  Твоето доцнење ме нервира/ме навредува.

4. Одговор со кој се наредува

Без многу објаснување ќе му посочите на пријателот   -Следниот пат дојди на време!

5.  Едноставно, заминете

И на крај, кога некој, без оглед на се, ќе продолжи со своето неприфатливо однесување, едноставно нема да го чекате и ќе си заминете, со јасно објаснување зошто сте го направиле тоа.

 

Поставувањето граници е важно. Само  така , луѓето ќе се однесуваат кон вас  како што тоа го  очекувате од нив, објаснува психолот Ан Вертел.

Вие заслужувате почит не само од  пријателите,  туку и од колегите, па  и шефовите,   и тоа јасно треба да им го ставите до знаење.

Translate »