Разликите во платите се поголеми!
Се продлабочува јазот меѓу работниците во земјава. Работник во кожарската индустрија треба да работи два и пол месеци за да ја наполни минималната кошничка неопходна за еден месец. Работник во воздухопловниот транспорт пак освен што ќе ја наполни за еден месец и ќе заштеди нешто над 24.000 денари или повеќе од просечната македонска плата исплатена во август.
Според статитсика во август најниската просечна плата изнесувала 12.700 денари, а синдикатот пресмета дека за задоволување на основните трошоци за едно четири члено семејство потребни се 32.316 денари.
Највисоките плати во земјава се исплаќаат во Скопје. Најниските на југоистокот. Експертите велат не е проблем што во овој регион нема индустрија, проблем е што нема кој да работи.
Според обемното истражување кое неодамна го објави Фајнанс тинг, а се однесува на периоднот пред зголемувањето на минималецот на 200 евра, над 40% од работниците заработуваат помалку од 12.000 денари, половината имаат плата од 12.000 до 25.000 денари. Само 8% заработуваат над 25.000 денари месечно. Дополнителен проблем е што 18% од работниците земаат плата во кеш, што еден ден ќе значи и помала пензија за нив.