Раде Шербеџија одби да го игра Адем Јашари

Денеска косовските медиуми објавија дека Раде Шербеџија не прифатил да ја игра улогата на еден од основачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Адем Јашари, во филмот што го подготвува режисерот Луан Круезију.Улогата на Адем Јашари во овој филм му била понудена на Раде Шербеџија од страна на актерот Енвер Петровци, но тој ја одбил, наведува РТС.

Адем Јашари е еден од основачите, а бил и лидер на ОВК. Тој беше убиен во судирите со полицијата во селото Преказ на почетокот на 1998 година.

Translate »