Нападнат човек од Делогожда на скопски булевар
Во текот на вчерашниот ден 56-годишен жител од струшкото село Делогожда пријавил дека околу 17.00 часот на скопскиот булевар „Крсте Мисирков“ тој и негови роднини биле физички нападнати од неколку лица.
Како што изјавил во полиција, додека бил застанат со неговиот автомобил „пасат“, во кој биле уште тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале возачот и тој се здобил со скршеница на левата рака и носот. Според пријавата, напаѓачите ги нападнале и неговиот брат и син, по што истите побегнале. По инцидентот, нападнатите се упатиле во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што им била укажана лекарска помош.
Како повод за настанот, според пријавата, се наведува претходна расправија. Имено, околу 14:00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ возачот У.Б. од Делогожда имал сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите. Од полицијата информираат дека работат на целосно расчистување на случајот.