Копале со голи раце за да спасат девојче кое преживеало под урнатини 24 часа (ВИДЕО)
Повеќе од 130 луѓе загинаа во страотната експлозија којшто се случи во Бејрут, повредени се илјадници лица, а по многумина сè уште се трага.
Синоќа е објавено и видео од спасување на едно девојче кое поминало 24 часа под урнатините и успеало да преживее – пренесува „Дејли мејл“.
На снимката се гледа како спасувачите копаат со голи раце за да го спасат девојчето и да го извлечат од рушевините.
По десетици луѓе се уште се трага во Бејрут. Најмалку 137 лица починале, но црната бројка се очекува да расте.