Лазар Еленовски да биде премиер, се договориле Ахмети и Мицкоски, јавува Лајм!!!
Нов премиер да е Лазар Еленовски, како што Повеќето македонски медиуми на албански јазик објавија дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги финализирале преговорите за формирање влада, повикувајќи се на извори во партијата на Христијан Мицкоски.
Според нив, лидерот на коалицијата за „Обнова на Македонија“ сега има задача да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да ја поддржи Владата на чие чело би бил Лазар Еленовски.
На тој начин би бил исполнет условот на интегративците за прв премиер Албанец поради албанското потекло на мајката на министерот за одбрана во Владата на Никола Груевски од 2006 до 2008 година.
Во речиси идентичниот напис што осамна во повеќе медиуми на албански пишува и дека кај членството на ВМРО-ДПМНЕ не би имало револт, бидејќи „на сите им е јасно дека неговото декларирање за Албанец е само за потребите на дневната политика.
Официјално, двете страни нема да ги потврдат овие информации без да постигнат договор со Апасиев“, се вели на крајот од текстот за чија веродостојност нема засега потврда од партиите што во новиот состав на Собранието имаат 44 пратеници (ВМРО-ДПМНЕ) и 15 (ДУИ), па за Влада им е неопходна поддршката од двајцата „дебитанти“ во Парламентот од Левица.
За Еленовски, кој по министерувањето во ресорот што сега го води Радмила Шекеринска беше амбасадор во Белгија, а потоа и специјален пратеник на Владата во НАТО, се тврдеше дека бил предлог на ДУИ и за консензуален претседател во 2014 година.