Изложба „Жени во занаетчиство“ на платото на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија
По повод Деновите на занаетчиство, во Кабинетот на претседателот се отвори изложбата „Жени во занаетчиство“ чијшто покровител е сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Изложбата ќе биде отворена и во текот на следните два дена.
Настанот го отворија сопругата на Претседателот на државата г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во РМ Кејти Брнс и претседателката на Занаетчиска Комора Анета Атанасовска. На настанот извршната директорка на ЦУП и’ врачи на Сопругата на Претседателот плакета во знак на благодарност за нејзината заложба во поддршката и промоцијата на женското претприемништво.
Присутните имаа можност да ги разгледаат уникатните производи на жените занаетчии и да се запознаат со платформата www.womenpoweron.mk