Колаген ДА, но каков да одбереме? По колкав период може да очекуваме резултати?
Нашите тела природно произведуваат колаген, но како што старееме, брзината со која произведуваме колаген се намалува – оттука, почнува да се забележува застарена кожа, брчки и болки во зглобовите. Се наоѓа во цревата, мускулите, коските, кожата, тетивите, па дури и во нашите внатрешни органи. Колагенот е неопходен за нормално функционирање на многу делови од нашето тело. Затоа, треба да се почне со внес на колаген во телото веќе по 20тите години.
Каков тип на колаген да одберам?
Во моментов на пазарот се присутни повеќе колагенски производи од животинско потекло, најчесто говедски колаген, кој се добива директно од копита, коски, ‘рскавица и други сврзувачки делови на животното. Најново е и растителен колаген добиен од семе од бел афион.
Колагенот од растително потекло не предизвика алергии, надуеност, лошење, и го поттикнува создавањето на колагенот во самиот организам, обезбедувајќи го телото со неопходните витални компоненти, како што се амино киселини, витамини и други есенцијални минерали, за производство на колаген.
Животинскиот колаген е многу близок со карактеристиките на сврзувачките делови од телото, но истовремено може да доведе и до несакани ефекти како што се надуеност, металоиди и чувство на ситост.
Зошто растителен колаген да преферираме?
Веганскиот или растителен колаген вклучува состојки од растително потекло кои го одржуваат и поттикнуваат тековното производство на колаген. Не подлежи на генетски модификации во производствениот процес, не содржи глутен и е ослободен од лактоза.
Додека постои голема веројатност животинскиот колаген да биде контаминиран со пестициди, тешки метали и други токсини.
Колагенот може да биде конзумиран на различни начини како во смути, природни сокови или вода и чај. Обезбедува интегритет, еластичност и јачина на кожата, ‘рскавицата и на коските.
По колкав период може да очекуваме некакви резултати?
Времето што е потребно за да функционира колагенот зависи од моменталните нивоа на колаген во телото. Доколку нивото на колаген во телото е ниско, треба да внесувате секојдневно колаген и по подолг период да се забележат промени. Во случај на високо ниво на колаген, времето е пократко.
Според една студија се докажало дека колагенот значително ги намалуваат брчките за над 30% по 3 месеци користење. Доколку се внесува колаген за да се намали болката во зглобовите, тоа може да потрае малку подолго пред да почнат да се јавуваат подобрувања. Спортистите кои дневно земале по 10 грама колаген, пријавиле значителни подобрувања во болките во зглобовите по 24 недели.
Човековото тело бара често снабдување со колаген. Впрочем, тоа е најобилниот протеин во телото, така што потребен е на многу места за оптимално здравје.