(Видео) Мицкоски за Арсовска: Не е ништо страшно да ни се раздвојат патиштата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека партијата стои зад Златко Перински и Ѓоко Велковски, кои градоначалничката Данела Арсовска ги разреши од функциите. Тој рече дека верува во двајцата, дека се работливи и посветени, но дека за жал некој не знае да го искористи нивниот потенцијал.

Мицкоски меѓудругото рече дека не е ништо страшно со Арсовска во еден момент да им се разотидат патиштата.

„За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат за градоначалник. Во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се такви какви што сте имале очекувања и од едната и од другата страна и патиштата може да ви се разотидат на различни страни. Важно е политиките да ви се принципиелни и чесни и во насока кон тоа за што се залагате. Во еден момент ако се разидуваат мислењата и ставовите не е ништо страшно да ви се разотидат и патиштата“ рече Мицкоски.

Translate »