Разговор со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

Секогаш се трудиме да ги надминеме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи!

 

 Зошто Рамсторе е прв избор на потрошувачите?

За време на нашето дванаесетгодишно постоење во македонскиот малопродажен сектор, ние секогаш се обидувавме да ги надминеме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи, а и понатаму продолжуваме да го постигнуваме тоа преку обезбедување конкурентни цени и услуги.  Накусо, нашата цел е да бидеме најдобриот малопродавач во Македонија и преземаме сериозни чекори во оваа насока. Среќни сме што нашите напори во овој дел се наградени од потрошувачите. Ја унапредивме нашата улога во делот на производство на месо, овошје и зеленчук, а внимателни сме и со цените, односно омилените брендови на потрошувачите сега се достапни по пристапни цени во сите наши маркети. Во трговскиот центар City Mall  беше отворен најголемиот Рамсторе маркет во Македонија, кој се простора на површина од 3 500 м2. Рамсторе супермаркетите нудат конкурентни цени и широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи и воедно Рамсторе маркетите се помеѓу првите супермаркети кои го воведоа HACCP системот за гарантирање на безбедноста  на храната и стандардот за квалитет ISO 22000: 2005.

Програмата Рамсторе клуб картичка придонесува кон придобивање на лојалноста на потрошувачите, а наша цел е, ден по ден, постепено да го зголемуваме бројот на верни купувачи.

Лојалноста на потрошувачите претставува многу значајно прашање за нас и значителен дел од нашиот обрт се обезбедува токму преку Рамсторе картичката. Успешноста на Рамсторе програмата со картичката за лојалност нуди многу придобивки за потрошувачите и им дава можност да купуваат производи по прифатливи цени, а во исто време потрошувачите собираат поени кои можат да бидат искористени како готовина веќе следниот ден.

Следејќи ги светските трендови за водење на малопродажни синџири и стремејќи се да ги модернизира условите за пазарување и да ги задоволи потребите на потрошувачите, Рамсторе создаде една комплетно иновативна продажна област, обнови дел од постоечките пазари и воведе неколку значајни унапредувања во неговото работење.

Покрај ова, земајќи го предвид фактот дека најзначајната работа во малопродажниот сектор е оперативната ефикасност, технолошките инвестиции кои ги преземаме со сигурност ќе ја зголемат нашата оперативна ефикасност.

 

Славите јубилеј 12 години присуство во Македонија. Со цел да им се оддолжите на потрошувачите традиционално овој период од годината организирате голема наградна игра со голем награден фонд. Како може да се учествува и какви се наградите?

Рамсторe маркетите традиционално секоја година во месец октомври/ноември организира активности за наградување на своите купувачи. Оваа година имаме исклучителни награди како моќниот Hyundai Tucson и уште 12 ваучери за патување од Туристичката агенција Савана со вредност од 60 000 денари.

Можам да кажам дека генерално подароците ги мотивираат купувачите така што очекувам во наредните недели да имаме голем број на учесници. Наградната игра “12-ти Роденден на Рамсторe! “започнува на 05.10.2017 во 08:00 часот и завршува на 23.11.2017 година во 22:00 часот.  Се што е потребно да се направите е: Да приложите фискална сметка повисока од 1000 денари направена во било кој Рамсторe маркет на инфо пултовите при што добивате награден купон. Купонот треба да биде пополнет од страна на потрошувачот со следниве лични податоци : Име и презиме , адреса, контакт телефон и број на фискална сметка и уфрлен во посебно обележаните кутии кои се поставени на видно место во секој маркет. Извлекувањето на наградите ќе се одржи  на 01.12.2017 година во 12:00 часот во ТЦ Рамсторe Мол пред маркетот

Какви се идните планови на Рамсторе маркетите?

Основните начела за остварување раст во малопродажниот сектор и задржување стабилна позиција во однос на конкуренцијата се продуктивноста, растот и купувачкото искуство.  Еден од нашите највисоки приоритети е да се продолжи со зголемување на бројот на супермаркети.

Ние имаме целосна доверба во македонскиот пазар. Ние и понатаму ќе продолжиме да растеме како компанија во Македонија. Ние го споделуваме нашето знаење и искуство во областа на малопродажбата на македонскиот пазар и сакаме да придонесеме кон економскиот раст и развој на малопродажниот сектор, како и да отвориме нови работни места. Јас сум цврсто уверен дека можеме да ги оствариме нашите зацртани цели со цел да оствариме уште поголем успех и да се прошириме на некои нови пазари.

Да резимираме, нашите идни инвестиции и понатаму ќе бидат во насока на унапредување на нашата позиција и присуство во Македонија и на тој начин, со продуктивен раст, ќе обезбедиме едно поинакво искуство во пазарувањето, а со отворањето на пазарите ќе станеме еден од двајцата најголеми малопродавачи во секторот.

 

 

Translate »