МИЛИОНИ БИ УМРЕЛЕ ВО СЕКУНДА! Еве како би изгледал денеска нуклеарен конфликт меѓу Русија и САД (ВИДЕО)
Четириминутното видео, насловено како „План А“, развиено од истражувачи поврзани со Програмата за наука и глобална безбедност (SGS) на Универзитетот Принстон, предизвика обновен интерес во пресрет на руската инвазија на Украина.
– Ова е најсериозната криза од Студената војна, со потенцијална нуклеарна димензија која ги вклучува Русија и САД/НАТО, иако ризикот од нуклеарна војна се смета за низок – рече Алекс Глејзер, еден од креаторите на „Планот А“.
– Кризата на која сме сведоци сега често води до погрешна комуникација меѓу вклучените страни, што дополнително се влошува со фактот дека има многу малку активни линии на комуникација меѓу Русија и САД/НАТО – рече Глејзер, вонреден професор на Факултетот за Јавна политика и меѓународни односи и Одделот за механичко и воздушно инженерство во Принстон.
Симулацијата на „План А“ првично беше подготвена за изложба во галеријата Бернштајн во Принстон во 2017 година, а подоцна беше достапна за јавноста како видео на YouTube во 2019 година. Целта е да се истакнат „потенцијално катастрофалните“ последици од нуклеарната војна помеѓу Русија и НАТО. Популарноста на видеото вртоглаво порасна кон крајот на февруари 2022 година, кога Русија ја започна инвазија, а Путин алудираше на можна употреба на нуклеарно оружје.