BOMILLI вашето ново сувомеснато задоволство!

Љубителите на сувемeснато, отсега не мораат да си го ускратуваат своето задоволство, бидејќи на нашиот пазар конечно се произведуваат квалитетни македонски производи без додатоци за вкус и без глутен. Токму посветеноста кон квалитет и желбата за традиционален македонски производ ја  мотивира компанијата BOMILLI да создаде премиум сувомеснати производи, направени од специјално одбрани парчиња од најдоброто месо, со природни зачини, без глутен, без лактоза и појачувачи на вкус.

BOMILLI производите се направени за вистинските гурмани, за луѓе кои не сакаат компромиси кога станува збор за храната. Создадени по уникатен рецепт на реномираниот македонски технолог со 40 годишно искуство г-дин Ванчо Богатинов, што претставува дополнителна гаранција за квалитетот на овие производи.

“Ова се единствени полутрајни производи (врат, печеница, сланина) во земјава за чие производство не се користат засилувачи на вкус и во кои не се додава вода. Во производството се применуваат највисоките стандарди за квалитет и бeзбедност на производство, а обезбеден е  и комплетен ладен систем за дистрибуција. Целокупното мое знаење и искуство како технолог го вложив во BOMILLI, со цел да создадеме врвни македонски производи, и да ја вратиме довербата на потрошувачите во овие производи. Имаме одличен квалитет. Нашите производи се создадени со многу внимание и љубов. Производи кои пред се ќе бидат одлични за моите деца и внуци, а потоа и за продажба, вели г. Богатинов.

BOMILLI  е семејна македонска компанија основана во 2020 год. која произведува премиум сувомеснати производи: Чајна, Кулен, Пршута, Врат, Димена Сланина, Печеница, Домашен колбас (дебел), Грил Колбас (тенок-пикант) и Македонски Колбас (дебел). Дневниот производствен капацитет е 5 тони, а овие производи кои се во специјални пакувања можат да се нарачаат онлајн на веб страната www.bomilli.com или пак да се купат во подобро снабдените поголеми и помали маркети низ земјава.

BOMILLI-свежо, проверено, квалитетно…уживање за секое непце!

Translate »