Невролог советува: читање најмалку 15 минути дневно. Но книги, не пораки!

loading...

Потребни се рутини за мозокот да остане функционален и во форма што подолго. Оние што долгорочно одржуваат здрав начин на живот остануваат витални до староста. Затоа е важно да се тренира мозокот во секојдневниот живот, а тоа се прави и преку читањето, не само со загатки или учење. Но, колку долго треба да читаме за да ги имаме придобивките?


Фото: Pixabay
Неврологот Кристен Вилумиер смета дека луѓето дефинитивно треба почесто да читаат. Таа советува читање најмалку 15 минути дневно, а по можност 30 минути. Тука не се сметаат пораките или вестите на социјалните мрежи, туку вистински книги. Читањето книги значително ја подобрува способноста за концентрација и помнење.

Според Вилумиер, оние што сакаат да го стимулираат мозокот треба да се обидат брзо да читаат или да го разберат текстот со брзо поминување низ речениците.

Со учењето и новите искуства се поттикнува згуснување на нервната мрежа. Менталните перформанси се подобри во староста со згуснувањето на нервната мрежа.

Автор: Даниела Хорват
Извор: 24 Sata

Translate »