Силен земјотрес ја потресе Грција

Три лица се полесно повредени во силниот земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтеровата скала кој утринава го погоди познатиот туристички град Парга на северозападот на Грција.

Голем број на стари куќи се оштетени или целосно срушени во познатото летувалиште и околните села, а исто така блокирани биле и патиштата откако карпи се срушиле врз нив.

Земјотресот со магнитуда од 5,6 степени се слулил во 2:49 часот утринава на длабочина од само 10 километри, а епицентарот бил на 14 километри североисточно од Парга. Во петокот во 23:38 часот на истото подрачје бил забележан земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтеровата скала.

EMSC@LastQuake

M5.6 #earthquake (#σεισμός) strikes 152 km NW of #Pátra (#Greece) 6 min ago. Read eyewitnesses’ stories & share yours: https://www.emsc-csem.org/Earthquake/earthquake.php?id=840373#testimonies …241:55 AM – Mar 21, 2020 · Fanari, GreeceTwitter Ads info and privacy23 people are talking about this

Сеизмологот Ефтимиос Лекас изјави дека станува збор за серија на земјотреси и посебно загрижува тоа што секој нареден е со поголем интензитет, па ги советуваше граѓаните да бидат максимално претпазливи. Тој за грчките медиуми изјави дека раседот каде што се случуваат земјотресите им е добро познат на сеизмолозите.

Директорот на Атинскиот институт за геодинамика, Герасимос Хулиарас објави дека таа установа ја следи состојбата во областа која е активна веќе со месеци и дека земјотресот утринава бил очекуван.

EMSC@LastQuake

M5.4 #earthquake (#σεισμός) strikes 46 km SW of #Ioánnina (#Greece) 16 min ago. Updated map of its effects:

View image on Twitter

182:05 AM – Mar 21, 2020 · Fanari, GreeceTwitter Ads info and privacy20 people are talking about this

Според него, може да се очекуваат и нови земјотреси, но смета дека последниот бил со најголем интензитет и следните најверојатно ќе бидат послаби и ќе потраат неколку седмици.

Според Хулиарас, оштетените куќи кои во најголем дел се направени од камен не треба да бидат обновувани, туку да бидат срушени и на нивно место да бидат направени нови и поквалитетни.

Translate »