Антониа Гиговска едвај ги задржа градите на место, проблематичното деколте не мируваше (ВИДЕО)
Антониа Гиговска со сигурност прерасна во една од најдобрите македонски пејачки која полека почнува да го освојува целиот регион.
Русокосата убавица постојано воодушевува со секоја нова изведба, но и не престанува да изненадува со својот имиџ и изглед, кој станува се’ попровокативен.
Слаткото мало девојченце од „Пинковите ѕвездички“ прерасна во згодна и атрактивна девојка, која се повеќе привлекува внимание со својот секси изглед, иако понекогаш знае да биде и мета на критики поради изборот на облеката, којa во последно време повеќе открива, отколку што покрива.
Пејачката сепак не го споделува својот телесен раскош само на социјалните мрежи, туку она со што мајката природа ја надарила, Антониа го покажува и на настапите пред својата публика и тоа во исто толку провокативна и предизвикувачка гардероба.
Така беше и неодамна, кога русокосата убавица го имаше својот настап пред скопската публика, „на свое буниште“, каде е најтешко да царуваш. Затоа Антониа морала и вокално и визуелно добро да се подготви, за да се претстави во најдобро светло, односно најсветло издание.
Па, за да го привлече на себе сето внимание, покрај гласовните можности, имиџот што го одбрала за таа вечер морал да биде „за плакнење очи“, особено на мажите, кои нема да ги одвојат од неа „влажните погледи“ додека сго следат нејзиниот настап.
Но, претходно ќе следувало закажаното интервју „зад сцената“ за најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Иако максимално професионално посветена на секоја песна, на секој проект, на секој спот и настап, она што ќе привлече внимание е нејзиното ултра разголено издание, кое потоа се коментира и за време и по настапот, погледнете: