Ковачевски: Компании како Виталиа имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјатa

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денес беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи. Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.

Успешната деловна соработка меѓу компаниите и институциите придонесуваат кон посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Изјавувајќи дополнително дека минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.

За Виталиа оваа посета е важна бидејќи на некој начин е потврда за нашето успешно работење и придонес во општетсвото. Дополнително што ова е  јубилејна, 30-та година од нашето постоење! 30 години на напорна работа, труд и знаење вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус. Постојано бележиме раст во бројот на вработени и отвораме нови работни места со различни барања на експертиза, забележуваме раст на приходите од година во година, се прошируваме на повеќе пазари, го зголемуваме извозот и го зацврстуваме брендот како на регионално, така и на глобално ниво, изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска ко-сопственик и генерален менаџер на Виталиа.

Денес, Виталиа несомнено е синоним за здрава храна. За производи со богати нутритивни својства и вкус, за врвен квалитет. Најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрија во Република Македонија присутна на 5 различни континенти, во преку 130 земји низ светот. Истовремено и синоним за иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

Translate »