Виталиа потпиша меморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет: Размена на знаења за подобро утре

Виталиа и Фармацевтскиот факултет при УКИМ денеска потпишаа меморандум за соработка. Соработката ќе има деловни и едукативни аспекти, а целта преку взаемна комуникација да се создадат подобри наставни програми конкурентни на пазарот.

Како дел од соработката е предвидена реализација на практична настава за студентите од Фармацевсткиот факултет, за времетраење на нивните студии, потоа организирање и спроведување на апликативни проекти и  обезбедување на стручна, научна и техничка поддршка за изготвување на експертски анализи согласно потребите на договорните страни.

Размената на идеи често води до нови знаења, до откривање на нови начини на работа и до иновација. Затоа сметаме дека оваа соработка со Фармацевтскиот факултет доаѓа во вистинско време и ќе донесе многу придобивки како за Виталиа, така и за студентите од факултетот“, изјави Искра Ветаџокоска-Муцунска, генерален менаџер и ко-сопственик на Виталиа.

Меѓусебната соработка ќе значи и размена на знаења и искуства помеѓу бројните експерти во двете организации, кое ќе им помогне на студентите во подготовката за професионалните ангажмани и ќе придонесе кон создавањето на подобри услови и кадри на пазарот на труд. Во иднина, ова партнерство би можело да резултира во организирање на разни едукативни активности, конференции, симпозиуми и други форми на образование кои ќе помогнат да се оствари зацртаната цел.

Во наредниот период, во план е и посета на студентите од новата студиска програма на Фармацевтскиот факултет, Диететика и Диетотерапија, каде што ќе можат непосредно да го увидат целосниот процес на производство на здрава храна во Виталиа. Од едно вакво искуство, студентите ќе научат за целокупниот процес од идеја до нов производ, како се преработуваат разните состојки, процесите на контрола на квалитет, пласирање на готовиот производ на полица и промоција на истиот.

Translate »