Пакомак ги објави добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2023

Oбјавeни се добитниците на овогодинешниот конкурс „Trash for art 2023“ во организација на „Пакомак“ и „Нула отпад“. И оваа година конкурсот предизвика големо внимание кај креативците од различни категории кои учествуваа со навистина интересни дела.

„Trash for Art“ како дел од иницијативата за чиста и здрава средина, кој веќе традиционално се одржува со години,  беше отворен за сите што сакаат да ја покажат својата креативност и да изработат уметничко дело направено од амбалажен отпад.

Ова се победниците во секоја од четирите компетитивни категории:

Категорија градинки:

1 место – награда 30.000 денари

„Камила“

Градинка “Борис Трајковски” од Демир Капија

2 место – награда 20.000 денари

„Пајо“

Градинка “Светот на Колорес” од Скопје

3 место – награда 10.000 денари

„Морски свет“

Градинка “Бамби” од општина Чашка

Категорија основни училишта:

1 место – награда 30.000 денари

„Змејот и витезот“

О.У. „Добре Јованоски“ од Прилеп

2 место – награда 20.000 денари

„Магаре со цветна кочија“

О.У. „Блаже Конески“ од Велес

3 место – награда 10.000 денари

„Пчела“

О.У. „Страшо Пинџур“ од Неготино

Категорија поединци и други институции :

1 место – награда 30.000 денари

„Кобра“

Автор: Стефан Анчевски

2 место – награда 20.000 денари

„Желка, носач на животот“

Автор: Михаела Стојменовиќ

3 место – награда 10.000 денари

„Коњ“

Автор: Тамара Блажевска

Специјална награда од Прилепска Пиварница – 30.000 денари

„Лустер“

Автор: ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп

Специјална награда од „Нула Отпад“ – 30.000 денари

„Змија-Глувче“

Автор: Александар Ордев

Translate »