Илија Миновски: Sky Bar Панорамика e место за кое вреди да се поминат стотици километри

Благодарение на Sky Bar Панорамика, многу странци кои за првпат го посетиле Скопје, од Македонија си заминуваат со убави впечатоци. Малку одделен од градскиот метеж со прекрасен панорамски поглед на Скопје, овој ресторан плени со својата убавина. Омилено сврталиште на познати личности од нашето опкружување и од регионот, кои знаат да препознаат добра храна и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат во овој ресторан. Ресторанот Sky Bar Панорамика е убав во секој негов ќош. Простор каде можете да уживате во својата приватност и покрај исполнетоста со гости. Илија Миновски е човекот кој е одговорен за се да функционира перфектно. Скромен, но добро познат лик во деловните кругови во земјава, докажан на повеќе полиња, кој со своето искуство и знаење носи нова енергија во хотелско угостителскиот бизнис. Токму уникатноста на Sky Bar Панорамика не мотивираше да поразговараме со него.

1.Од каде дојде името Sky Bar Панорамика? По што овој ресторан се разликува од останатите?

Од самата локација и погледот кој го овозможува. Немавме дилеми околу името. Овој ресторан по многушто е посебен. Скриен од урбаниот метеж и градската бучава, место каде ќе ја пронајдете дефиницијата за удобност и квалитет. Совршеното место за вашите деловни средби, состаноци, медиски настани и конференции, па дури и роденденски прослави. Пријатниот амбиент на гостите им гарантира уживање, а за тие секогаш да си отидат со позитивен впечаток, се грижи искусниот персонал на барот и кујната.

  1. Посетителите го опишуваат како топло и пријатно место, со бројни специјалитети и прекрасна атмосфера, како ретко на кое друго место? Што се нуди?

Барот има сопствена кујна со внимателно одбрано мени, кое ќе го задоволи сечиј вкус. Специјалитети од свежо месо, најдобриот бифтек, риба, морски плодови, вкусна интернационална кујна и се друго што посетителите можат да посакаат! Гостопримство, љубезност и пријатна атмосфера се нештата кои ја создаваат денешната слика за “Sky Bar Панорамика ” што е и причина зошто во последно време се повеќе ова место е изборот на голем број на скопјани, дипломати, познати личности кои го посетуваат и воодушевени си одат.

  1. За кого го препорачувате?

Без разлика дали се работи за приватни состаноци, деловни средби, настани или пак потрага по неколку мирни моменти со шоља кафе во рака, Sky Bar Панорамика е место за уживање, за сите оние со суптилен вкус, кои сакаат да уживаат во моментот. Проверете зошто сите зборуваат за „најубавиот прозорец на градот “!
Повеќе информации на:

Home

Translate »