И домашен мирис и домашен вкус во Скопје

Во Атлантик Гранд во Скопје денеска беше организиран отворен ден во кој претставници на домашните медиуми имаа можност да се запознаат со современата фабрика каде што се произведува омилениот вкус и мирис на нашата земја, Гранд кафе.
Присутните се запознаа одблизу со производствената палета на фабриката, дознаа повеќе за производите, но имаа можност и да го проследат целиот производствениот процес преку кој се добиваат уникатниот мирис и вкус на Гранд кафе.
Посетата на фабриката се состоеше од обиколка и презентација на иновативните технологии кои се употребуваат во производството и процесите низ кои поминува кафето. На посетата беа присутни и претставници од компанијата Атлантик Гранд, кои го искажаа своето задоволство и порачаа дека со ваквите средби им даваат можност да ги запознаат медиумите и пошироката јавност со нивната работа и да им покажат како изгледа производството во Скопје.
„Многу сме среќни што имаме можност да бидеме домаќини на гости од медиумскиот свет и подобро да ги запознаеме со светот на кафето, а особено со Гранд кафе, кое веќе со години се произведува тука во Скопје и со својот мирис и вкус секое утро ги буди жителите на Северна Македонија“, изјави Светлана Станкова од Атлантик Гранд.


Во модерниот и современ погон во Скопје се произведуваат 29 различни производи. Тука пристигнува најквалитетното сурово кафе од типот Арабика и Робуста, директно донесено од најдобрите плантажи за кафе во Бразил , Колумбија, Хондурас, Виетнам или Гватемала. Имплементиран е и HACCP-систем за безбедност на храна, а производството се одвива според строгиот ISO 9001 стандард. Но како лидер на пазарот Атлантик Гранд обезбеди сертифицирање и со некои од најстрогите стандарди за безбедност на храна IFS, потоа стандардот за заштита на животната средина 140001 и стандардот за енергетска ефикасност ISO 50001. Toa е гаранција дека во Атлантик Гранд управувањето со квалитетот е поставено на високо ниво.
Со ова, Гранд кафе ја започнува својата кампања под наслов „И домашен мирис и домашен вкус“, во склоп на која ќе бидат организирани три Гранд каравани пред три трговски центри во Скопје, на кои ќе бидат подготвени многу интересни содржини за потрошувачите, а оние најсреќните ќе имаат и можност да отидат на специјална Гранд тура во нашата фабрика во Скопје.


Термините за одржување на караваните се:
Капитол Мол 03.06.2023
Ист Гејт Мол 10.06.2023
Скопје Сити Мол 17.06.2023
Секој од Гранд караваните започнува од 11 часот наутро.
Дојдете да пиеме кафе заедно!

Translate »