Гео-Инг: Дрвото дава голема естетска вредност и го разубавува секој простор!

Доколку сакате да внесете топлина во домот, или во вашата градина, внесете елементи од дрво! Дрвото го облагородува секој простор, независно дали станува збор за перголи, дрвен под, дрвена гарнитура во дворот, фасада или друг детал од дрво. Дрвото дава голема естетска вредност и го разубавува секој простор, а истовремено обезбедува и големи функционални вредности. Обезбедува одлична изолација, лесно се одржува, не држи влага, не се лизга ако станува збор за дрвен под, стабилен е како материјал и има долг век на траење.

Големата естетска вредност на дрвото е причина да се користи како дел од фасади на објекти, за надворешни дрвени подови, дрвени гарнитури во дворот, за ентериери.
Се карактеризира со висока густина, одлични јакосни својства, отпорност на влага, лесно се одржува и има голема стабилност, што е причина во последно време се почесто да се користи во различни фази и сегменти во градежништвото и архитектурата.

Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен и доколку дрвото правилно се одржува, има многу долг животен век.

Ако веќе пројавувате интерес, и сакате нешто да направите со дрво, тоа треба да го дадете на компанија која има долгогодишно искуство од работа со дрво, и која има напредна технологија за да може да го развие она што го имате замислено. Таква е компанијата Гео-Инг (http://www.geo-ing.com/) која успеа своето долгогодишно работно искуство во технолошки развиени германски фабрики да го пренесе и во Македонија.
Применува германска технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите. Инженерите во Гео-Инг ги знаат карактеристиките на различните видови дрво, и точно знаат кое дрво е соодветно за која намена.


Благодарение на Гео-Инг многу фасади на куќи изгледаат прекрасно, а дворовите со своите перголи стануваат омилено место за дружење. Дрвените подови покрај базените, или пак на терасите исто така даваат посебна димензија на просторот.

За секое прашање поврзано со оваа тема можете да контактирате на contact@geo-ing.com Tелефон: (02) 27 34 014
Мобилен: 070 266 319

Translate »