Психолозите тврдат: Овие реченици ја зајакнуваат самодовербата на децата

Психолозите објаснуваат дека самоувереното дете многу полесно чекори ни животот и верува дека може успешно да ги совлада сите предизвици кои му претстојат во животот.

Исто така, многу истражувања покажуваат како децата со висока самодоверба се подобри во училиште и како возрасни водат многу поуспешни кариери, токму поради вербата која ја имаат сами во себе.

Многу родители не се свесни дека начинот на кој им приоѓаат на децата и разговорите кои ги водат со нив, може да имаат огромно влијание на развојот на нивната самодоверба. Психолозите нагласуваат дека одредени реченици можат да придонесат за зајакнување на самодовербата на децата, а еве и за кои реченици станува збор:

Гледам дека се трудиш околу ова“ е реченица која на детето му дава на знаење дека неговиот родител го гледа трудот кој го вложува детето. Психолозите секогаш нагласуваат дека најважен е трудот, додека пак резултатот не многу помалку важен. Токму ова забележување и внимание од страна на родителот за залагањето на детето во работите што ги прави, води кон зајакнување на самодовербата.

Знам дека следниот пат ќе успееш“ е друга реченица која ќе му помогне на детето да стекне што поголема самодоверба. Оваа реченица треба да ја кажува секој родител кога неговото дете нема да успее во нешто и можеби сака да се откаже. На тој начин на детето му покажувате дека верувате во него и го учите дека неуспехот не е воопшто страшен и не треба да биде пречка за да продолжи понатаму.

Имено, сите од време на време се соочуваме со неуспех. Начинот на кој се носиме со неуспехот всушност ни покажува каква личност сме. Децата кои знаат дека е во ред да се погреши и дека тоа не е причина за да се откажат, не ја губат својата самодоверба.

Ова е многу храбро од твоја страна“ е уште една реченица која би требало да му ја кажувате на своето дете. Иако помалите често се обидуваат да направат нешта во кои нема да успеат, фактот дека биле доволно храбри за да се обидат треба да биде нагласен. На тој начин тие ја чуваат и надградуваат својата самодоверба.

Translate »