Со Magenta Moments, одењето на кино, дружбите со кафе, шопингот и егзотичните патувања стануваат незаборавно искуство!

Подготвени сте да  ги отворите вратите до нови, неверојатни доживувања? Сите ваши интереси, хобија и желби на едно место, збогатени со поволности и ексклузивни понуди од Македонски Телеком и партнерите, кои ќе го променат начинот на којшто уживате во нештата! Со Magenta Moments, одењето на кино, дружбите со кафе, шопингот и егзотичните патувања стануваат незаборавно искуство!

Што е Magenta Moments

Magenta Moments е дигитална програма за наградување и поволности за корисниците, дел од меѓународната иницијатива на Дојче Телеком. Преку неа, Телеком оди чекор понатаму и ја надградува својата улога, од давател на телекомуникациски услуги, во секојдневен лојален придружник кој им нуди на корисниците вистинска вредност. Magenta Moments обезбедува атрактивни понуди и попусти од меѓународни, национални и локални брендови од многу категории поврзани со животниот стил. Освен телекомуникациски услуги, понудите опфаќаат храна и пијалаци, забава, патувања и шопинг.

Како до Magenta Moments

Програмата е достапна преку Телеком МК апликацијата и до неа се доаѓа едноставно, со пристап во посебното подмени, означено со „M“ и позиционирано во центарот на почетниот екран на апликацијата. Дојче Телеком е првата телекомуникациска компанија која, преку Magenta Moments, го користи своето глобално присуство за да им обезбеди директна придобивка на корисниците ширум Европа. Програмата наскоро ќе има меѓународен карактер, што значи дека кога корисниците ќе патуваат во земјите-учеснички тие ќе можат да уживаат во придобивките коишто се достапни во соодветната земја. Доколку ја отворите апликацијата, ќе забележите повеќе понуди за попусти за патувања, кино проекции и угостителски објекти, попусти во продавници за облека и накит, посебни пакети од локалните бизниси и секако еден куп Телеком придобивки кои можете да ги активирате со еден допир на екранот.

Собирајте срца за повеќе поволности и поканете ги вашите пријатели

Поволностите се активираат преку трошење на т.н. Magenta Moments срца, односно поени кои ги собирате и со кои можат да се отклучат уште повеќе награди и поволности. Поканете ги пријателите и семејството да се приклучат и ќе добиете уште повеќе срца. Испратете покана до пријателите, во делот „Собери повеќе срца“, со кликање на полето: „Покани пријател“.

Отворете го новото поглавје и директно почувствувајте ги придобивките од новата програма на Дојче Телеком која, преку официјалната апликација Телеком МК, е достапна за сите корисници на Македонски Телеком во Македонија. Заработете доволно Magenta Moments срца, одберете го она што ви е потребно и добијте повеќе додека штедите! Обојте ги вашите моменти магента, само со Magenta Moments.

Translate »