Силјановска во штабот на Пендаровски
Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале за фер и демократски изборен процес и избори без нерегуларности.
Таа на „Твитер“ напиша дека шефот на изборниот штаб во Скопје, Ѓорги Галетановски, не ја пречекал, на што тој на Фејсбук ѝ врати дека му е мило што била во промотивниот штаб на Пендаровски.
„Ама, еве, вторпат да ве потсетам дека јас не сум шеф на штабот на претседателот и сум на работа секој ден од 8 до 16 часот во скопската Зоолошка. Ви се извинив за коментарот, а таму сигурно била младината и ве пречекале пријатно и ферски како што ни прилега. В недела губиш катастрофално. Убав ден“, напиша Галетановски.
Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ побара Галетановски да биде отстранет од Изборниот штаб на Пендаровски бидејќи наводно ја навредувал Силјановска на социјалните мрежи.