Макпрогрес Виница реален пример за еколошка компанија
Грижата за животната средина е обврска на секој општествено одговорен деловен субјект. Секој субјект со своето работење создава и амбалажен отпад, а грижата за него е важен сегмент од заштитата на животната средина.
Благодарение на соработката меѓу Макпрогрес Виница и Пакомак над 400 тони пластика и хартија во 2018 година беа селективно одложени и однесени на рециклирање, со што значајно се придонесе кон исполнување на националните еколошки цели, и создавање почиста средина за сите нас. Ова претставува само еден сегмент од активностите кои во текот на целата година ги превзема Макпрогрес од Виница со цел еколошки да придонесе кон локалната заедница.
Петти јуни е Светски ден на животната средина, а токму денес овие две компании сакаат да ја истакнат важноста на грижата за животната средина, и да повикаат на уште поголема грижа од сите нас, бидејќи природата е неповратен ресурс и мораме да се грижиме за неа.
“ Уште од своите почетоци Макпрогрес има јасна определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а заштитата на животната средина отсекогаш била приоритет. Инвестиравме во соларни панели обезбедувајќи еколошки извор на енергија, кој е обновлив, не загадува, и придонесува директно кон заштита на животната средина. Веќе подолго време имплементираме деловна стратeгија за еколошки разој РРР – Редуцирај, Рециклирај, го преструктурираме Макпрогрес, на што јас лично сум многу задоволен, бидејќи значајно го намаливме своето негативно влијание врз животната средина. Виница, и овој регион, денес е ееден од најчистите во земјава. Чистата животна средина е поврзана со секој аспект на нашето живеење, а долгорочно гледано и со нашиот опстанок, и затоа и понатаму ќе се грижиме за неа, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес Виница.
“Да се биде дел од системот на Пакомак подразбира прифаќање на одговорноста за зачувување на животната средина и висока еколошка свест на секоја компанија членка на системот. Пакомак осум години по ред ги остварува националните цели, континуирано инвестира во комунална инфраструктура и реализира едукативни кампањи за подигнување на еколошката свест кај јавноста. Од своето работење до денес Пакомак бележи импозантна бројка на рециклиран амбалажен отпад од 115.541 тони. Од година во година бројот расте и напорите и визиите на Пакомак се во блиска иднина секое домаќинство да го селектира амбалажниот отпад и да се подигне нивото на самосвест за оваа граѓанска должност кај секој од нас. “ изјави Ико Брдаровски Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.