Обид за атентат врз Мадуро, претседателот на Венецуела (снимка)

Дронови полни со експлозив експлодирале во Каракас, во близина на свеченоста каде престедателот на Венецуела Николас Мадуро држел говор. Тој и останатите члемнови на Владата не се повредени, но со повреди се здобија  седум припадници на Националната гарда.

” Имаме докази дека ова е обид за убиство, но не успеале”, изјави министерот за информирање Хорхе Родригес.

Мадуро за обидот за атентат го обвини претседателот на Колумбија,  Сантос. Според него,  нападот е финансиран од САД и зад него стојат лица кои живеат во Флорида.

Одговорноста за нападот ја презеде бунтовничката група “Национално движење на војници во кошули”.

“Не можеме да го толерираме фактот дека населението е гладно, дека на болните им требаат лекови, дека парите немаат вредност, дека образовниот систем не обарзува туку индотринира комунизам, се вели во соопштението на групата.

Translate »