Avon Македонија продолжува со успешното работење, и нема никаква врска со американската компанија Avon Products, Inc
Avon Македонија, како и другите меѓународни пазари на Avon надвор од САД не се засегнати од правните постапки иницирани од Avon Products, Inc. (API) неоперативната американска холдинг компанија која презеде чекори за решавање на заостанатите долгови во судскиот процес во САД и објави банкрот. Имено станува збор за две сосем различни компании.
Avon Македонија и другите меѓународни пазари, надвор од територијата на Соединетите Американски Држави, се сопственост на бразилската компанија Natura & Co (B3 – NTCO3), која продолжува со својата работа без прекин и не е дел од стечајната постапка.
Avon Македонија е компанија која ги поврзува луѓето, користејќи ја моќта на убавината за да ги трансформира животите на подобро, и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина. Секој производ што го носи името Avon е подложен на ригорозна и темелна евалуација на безбедноста и може да се користи со сигурност. Авон производите содржат само козметички талк, кој има највисок квалитет и чистота и е тестиран и не содржи азбест.
Овие козметички производи ги поседуваат сите стандарди за квалитет и безбедност ширум светот и се целосно усогласени со сите законски прописи.
Avon Products, Inc. (API), американската неоперативна холдинг компанија на Avon, моментално во сопственост на LG Household & Health Care Ltd., објави дека поднела доброволна стечајна постапка во американскиот стечаен суд во округот Делавер за да ги реши своите долгови и обврски. Јавноста треба да знае и дека API не продава Avon производи во САД откако го продаде својот северноамерикански бизнис во 2016 година, но останува една од холдинг компаниите надвор од САД.
Американските тужби за талк во производите на Avon се однесуваат на производите што се продавале на американскиот пазар пред 2016 година, главно пудра за тело продадена пред повеќе од 40 години. Тие производи имаа различна формулација.
Natura & Co го купи Avon во 2020 година, склучувајќи договор за купување акции на Avon надвор од САД за 125 милиони долари во форма на аукциска понуда под надзор на суд. Верувајќи во брендот Avon, Natura & Co инвестираше приближно 43 милиони американски долари за финансирање на долгот и ликвидност на обврските на API за време на процесот на продажба.
„Оваа акција и предложената продажба на операциите на Avon кои не се во САД ќе ја максимизираат вредноста на нашите средства и ќе ни овозможат да ги исполниме нашите обврски на најдобар можен начин“, рече претседателот на API, John Dubell.
Kristof Neirinck, извршен директор на Avon, истакна: „Остануваме фокусирани на унапредување на нашата деловна стратегија на меѓународно ниво, вклучувајќи го модернизирањето на нашиот модел за директна продажба и повторното лансирање на брендот за да се забрза растот. Откако станав извршен директор оваа година, сè повеќе сум мотивиран од нашите сили и способности, поддржани од нашите ценети соработници ширум светот“.
Сите производи што го носат името Avon се подложени на ригорозни и темелни безбедносни проценки и можат да се користат со целосна доверба. Нашите клиенти можат да ги очекуваат истите производи што ги знаат и ги сакаат, поддржани од нашата постојана посветеност на квалитетот, безбедноста и иновациите, што нè одржува во првите редови во индустријата за убавина.
Нашата мисија – да создадеме подобар свет за жените, кој е подобар свет за сите – никогаш не била поважна!
За Avon
Avon е компанија која што повеќе од 135 години се занимава со убавина. Тоа е компанија која ги поврзува луѓето, користејќи ја моќта на убавината за да ги трансформира животите на подобро. Милиони претставници ширум светот ги продаваат брендовите на Avon преку нивните социјални мрежи, градејќи свои бизниси за убавина на полно или скратено работно време. Аvon се залага за родова еднаквост и ги слуша потребите на жените, зборува за прашањата кои се важни и создаваат позитивни промени.