7 нови Пакомак контејнери за селекција на пластика и лименки во Montenegro маркетите во Гостивар

Пакомак во соработка со Montenegro маркетите, го проширува системот за селекција на отпад во Гостивар со поставување на контејнери за собирање исклучиво пластични шишиња и лименки на седум локации низ градот. Новите контејнери, ќе бидат поставени пред Montenegro маркетите, и ќе им овозможат на граѓаните лесно и практично да ги селектираат пластичните шишиња и лименки при секојдневното пазарување. Со ова, селектирањето отпад станува подостапно, а гостиварчани добиваат можност со едноставен чекор да придонесат кон почиста животна средина.

„Со поставувањето на новите контејнери за собирање исклучиво пластични шишиња и лименки во Гостивар продолжуваме да ја доближуваме инфраструктурата за селекција на отпад до граѓаните и да создадеме услови селектирањето да биде уште полесно, поедноставно, и подостапно за сите граѓани. Веруваме дека секој нов Пакомак контејнер е чекор напред кон градење одговорни навики и поттикнување на еколошката свест. Партнерствата со компании кои ја препознаваат важноста на одржливите навики како Montenegro маркетите се клучни за создавање услови граѓаните полесно да се вклучат во селекцијата на амбалажен отпад. Заедно придонесуваме кон почиста животна средина и создавање одржливи навики кај граѓаните“, изјавија од Пакомак.

Иницијативата е дел од континуираните заложби на Пакомак за проширување на системот за селекција на отпад низ целата држава и создавање услови граѓаните правилно да го одложуваат својот амбалажен отпад. Преку ова партнерство, Гостивар добива нови достапни локации за собирање пластични шишиња и лименки, со што се создаваат услови за поттикнување одржливи навики и зголемување на свеста за важноста на селектирањето амбалажен отпад. Покрај новите локации во Montenegro маркетите, граѓаните на Гостивар веќе имаат можност да селектираат пластични шишиња и лименки и преку контејнерите и повратните вендинг машини на Пакомак поставени во Елкос маркетите.

Translate »