НЛБ Потрошувачки кредит преку мКлик – брзо, лесно и поповолно
Летото е време кога почесто размислуваме за планови што одамна чекаат да се реализираат – уредување на домот, патување, семејна прослава или едноставно нешто што одамна сте го посакувале. За полесно да ги реализирате плановите, НЛБ Банка нуди Потрошувачки кредит до 2.500.000 денари со рок на отплата до 95 месеци, а промотивно до 31 август за апликации преку НЛБ мКлик следува дополнителна поволност во однос на каматната стапка.
Имено, доколку аплицирате за потрошувачки кредит преку НЛБ мКлик добивате фиксна каматна стапка од 5,6%. Секако, и понатаму можете да аплицирате во експозитурите на Банката, каде фиксната каматна стапка изнесува 5,7%. Но со ова, апликацијата станува не само побрз и поудобен начин за аплицирање, туку носи и мала, но значајна финансиска предност.
Целиот процес преку НЛБ мКлик е едноставен и може да се заврши со само неколку клика на мобилниот телефон, без потреба од посета на експозитура, од кое било место и кое било време од денот, а одобрениот износ е достапен на вашата сметка за само неколку минути. Притоа, за кредитот не се потребни жиранти, овозможена е отплата преку траен налог, а во понудата за кредит преку експозитурите на Банката е вклучено и животно осигурување.
Без разлика дали станува збор за поголема удобност во секојдневието, семејно патување или реализација на одамна планирана инвестиција, НЛБ Банка ви овозможува финансиска поддршка што лесно се вклопува во вашите планови.


