Започнете ја годината со нови здрави навики
Почетокот на секоја година е период кога обично рефлектираме на изминатите 365 дена и размислуваме како може да се подобриме во следните 365. Работата на себе започнува од исфрлањето на лошите навики и создавање на нови, подобри навики. Во пост-празничниот период е добро да започнете со промени во исхраната, а совршеното време за тоа е токму сега.
Секоја промена започнува со првиот чекор – колку и да се чини тој мал и незначителен. Затоа, ќе започнеме токму оттаму и ќе ви дадеме неколку идеи како да имате поздрава исхрана без притоа да го жртвувате задоволството кое ви го дава вкусот на храната.
Утрото е делот од денот кога најмногу треба да размислувате за храна која ќе ве одржи сити подолго време, а сепак е лесна, здрава и едноставна за подготовка.
Изберете Фит & Актив мусли, уникатна рецептура формулирана од врвни компоненти, кои се истакнуваат со својот богат нутритивен профил давајќи ви енергија за активен ден. Фит актив муслите претставуваат оригинална мешавина од житни снегулки (овесни, оризови и пченкарни), над 35% овошје (суво грозје, слива и кајсија) и семки од сончоглед, лен и тиква. Сувото овошје и целозрнестите житарки се богати со растителни влакна кои помагаат во забрзување на перисталтиката на храната и нејзината дигестија во дигестивниот ситем.
Дополнително, тие директно влијаат на кардиоваскуларното здравје, го редуцираат „лошиот “ холестерол во крвта (LDL), го регулираат крвниот притисок, ја стабилизираат глукозата во крвта и ја регулираат телесната тежина.
Како да изберете здрава ужина?
Сепак, додека главните оброци се полесни за планирање, потешко е да се задржи дисциплината помеѓу нив – односно во моментите кога ви се јаде нешто вкусно што само ќе ве засити на кратко, без да губите време да го подготвувате. Затоа, при првите знаци на глад наместо да се фатите за чоколадни бомбони или чипс, пробајте да ја совладате лошата навика и да ја замените со нова и поздрава.
Пробиотските колачиња се иновативна закуска која припаѓа на новата генерација на функционална ужина, која нуди додадена вредност за консумерот и неговиот внатрешен баланс. Овие колачиња содржат растителни влакна, кои помагаат при дигестија на храната и чувството на леснотија во организмот, како и 5 бактерии добри за желудникот. А најдоброто нешто околу нив? Тие не содржат додадени шеќери – што ги прави совршена секојдневна здрава ужина.
А доколку имате желба за нешто солено, тука се овесните крекери од Виталиа, вкусна, крцкава и здрава закуска на база на овес и семиња, со Хималајска сол. Одлична алтернатива на висококалоричните грицки кои содржат големо количество на заситени масти и сол. Овесните крекери се направени од 100% природни состојки и балансиран нутритивен состав.
Воспоставувањето и прифаќањето на здравите навики се одличен начин да се започне годината! Во периодот кој следува, дајте им шанса на советите кои ги прочитавте во овој текст и обидете се да создадете трајни и здрави навики кои ќе ви го направат животот подобар.