Каде се парите? Браќата Смилевски осудени за милионската кражба во НЛБ Банка!
Бобан Смилевски кој беше обвинет за милионскиот грабеж во Тутунска банка е осуден на казна затвор од девет години и два месеци. Неговиот брат Горан Смилевски, кој како и Бобан се товареше за тешка кражба и затајување, е осуден на шест години и шест месеци. Борис Мичевски кој според обвинителството ги превезол украдените пари, доби казна од пет години и два месеци.
Најлесно поминал кумашинот на Смилевски и трезорист во НЛБ Мирослав Каевски, на кого е му изречена условна казна од две години затвор.
Судијата пресудата ја донел врз основа на признанието на обвинетите, а висината на казните ја образложил со фактот дека обвинетите не откриле каде се украдените пари.
Осудените извршиле кражба на два милиона швајцарски франци и 270 илјади евра.