Интервју со д-р Соња Доневска специјалист дерматолог
Eucerin ® AtopiControl ” Нежен и ефикасен начин за лекување на атопичниот дерматитис за време на акутните фази”
Атопичен дерматитис е хронична болест на кожата која се карактеризира со повремени влошувања. Зошто се случува ова?
АД оди заедно со постоечка дисфункција на заштитната бариера на кожата. Дури и во “нормални” фази, кога кожата однадвор е без видливи симптоми, под нејзината површина постојат микровоспаленија. Ова значи дека е потребен само мал иницијатор или момент на стрес за да дојде до влошување на состојбата.
Што вообичаено се случува за време на акутната фаза ?
Во акутните фази, појавувањето на егземите предизвикува сериозно чешање. Како резултат на гребењето доаѓа до понатамошна иритација на кожата па дури и инфекција. Со цел да се разбие овој маѓепсан круг ние треба да го третираме воспалението, да го смириме чешањето и да ја зајакнеме одбранбената бариера на кожата.
Дали е можно да се одложат фазите на влошување со помош на “режим на основна нега”?
Терминот ” режим на основна нега” е посоодветен , поради тоа што го илустрира исклучителното значење на соодветната редовна дневна нега на кожата при АД. Производи без додадени мириси и бои, кои се специјално прилагодени на специфичните потреби на лицата кои страдаат од АД се совршени за секојдневна нега. Тоа подразбира производи кои содржат природни масла и висока концентрација на омега-6 масни киселини, во комбинација со смирувачкиот за кожата Licochalcone А, на пр. како што се производите од Eucerin ® AtopiControl за основна нега. Систематски, со секојдневна употреба на AtopiControl производите за основна нега, може да се прекине магичниот круг на кожата кој ја оштетува заштитната бариера, овозможува накалемување на бактериска инфекција, воспаление, чешање и гребење. Со тоа се овозможува продолжување на мирните фази на АД без кожна манифестација.
За време на акутната фаза при појава на егземи, Eucerin ® AtopiControl Интензивниот смирувачки крем е совршен придружник. Оваа формула го намалува чешањето и ѝ помага на кожата брзо да го надмине акутното влошување претставено со воспалителни промени, а природната функција на кожата се стабилизира. Овој крем е нежен и ефикасен метод за лекување на АД во акутна фаза. Со користење на интензивниот смирувачки крем, пациентите често може да го намалат користењето на топичен хидрокортизон.
Што е толку посебно во врска Eucerin ® AtopiControl ?
Комбинацијата од производи за основна и активна нега нуди проактивен, сеопфатен пристап кон ублажување на симптомите и подобрување на состојбата на кожата во сите фази на АД.
На какви методи на лекување е ставен фокусот од страна на дерматолозите?
Локалната терапија со кортикостероиди се покажа ефикасна. Овие хормони кои вклучуваат кортизон, се нанесуваат на кожата, ја намалуваат воспалителната реакција и како такви ги залекуваат зафатените подрачја на кожата. Имуномодулаторите кои конкретно ја модулираат активноста на имунолошкиот систем, исто така, имаат директен ефект. Во тешки случаи на АД, дерматолозите, исто така, препишуваат и лекови за пиење.
Како пациентите гледаат на палетата производи која им е на располагање?
Многу пациенти, особено родителите на засегнатите деца, сакаат побезбедни, но сепак ефикасни алтернативи на конвенционалните методи на лекување. Методите за третман и лековите на растителна основа се најнови трендови. Во овој контекст важно е да се обезбеди уверение за квалитет и безбедност на активните состојки. Користените растителни состојки во производите Eucerin ® се под строга контрола за квалитет и ефикасност, со цел да се гарантира ефикасност на производите, а од друга страна тие да се нежни и безбедни за кожата. Тоа ги прави AtopiControl производите совршени за нега на кожата, режим погоден за 365 дена во годината.
Кои беа предизвиците кога се создаваa овие производи?
Наоѓање на совршен баланс помеѓу нежното дејство на производот на кожата и неговата ефикасност е секогаш предизвик. Формулата треба да биде соодветна и за бебињата и децата. За Eucerin ® одличната подносливост од болната кожа, исто така е задолжителен предуслов. И ние сме горди што успеавме во овој поглед.