Имате 500 денари за подарок? Не знаете на што би ги потрошиле?

Парите и не се баш најдобар подарок, многумина велат дека на таквата идеја ѝ недостига „идентитет“ и дека пари подаруваат оние кои не сакаат премногу да се трудат околу вас, па велат „сами да си купите она што најмногу ви треба“

Во Ramstore маркетите секогаш може да го купите најдобриот подарок за вашиот близок пријател, другарка, мајка, колешка за помалку од 500 денари, да ги израдувате и да им посветите внимание, но и да не го надминувате планираниот буџет повеќе од неопходното.

Семеен готвач – за оние кои имаат предизвици при готвењето или можеби сакаат да експериментираат со намирниците, подарете им го овој подарок и можеби веќе следниот викенд очекувајте покана за ручек или за вечера

Плишана играчка – овој подарок можете да го поклоните на сите девојчиња што сакаат плишани играчки. Изненадете нечие детенце со овој супер сладок и мек лик од цртаните или мало животинче.

Плетена корпа – плетените корпи се добредојдени во секое домаќинство. На своите драги пријатели можете да им испечете слатки колачи или бисквити, да ги ставите во корпата и така да го заокружите овој роденденски подарок

Шоља за кафе или чај – Идеален подарок за оние кои своето кафе постојано го држат на работната маса. Шоља со уникатен дизајн ќе му го разубави утринското кафе на славеникот

Свеќи – совршен подарок за сите романтични души на кои ќе им ја разубавите вечерата или дружењето со најблиските

Купка – со овој подарок ќе ја замотате вашата сакана личност во мириси што ќе ја потсетуваат на вас за време на туширањето

Книга – на сите кои сакаат убави четива ќе им го разубавите и ќе им го исполните денот со корисна содржина, но внимавајте – бидете оригинални во пишувањето на посветата

 

Идеите за подароци можат да одат во недоглед. Но ова е добар почеток. Ramstore маркетите секогаш се трудат да им го олеснат пазарувањето на своите потрошувачи, да им понудат решенија и услуги што ќе им го зголемат квалитетот на живот и ќе им ги унапредат секојдневните практики за паметно управување со буџетот, за што помали грижи, а поголемо уживање за себе и за своите најблиски.

Translate »