Изложба „Ex Parte Hominis“ на Дона Урдинов во Concept 37 на 17ти ноември


Concept 37 во соработка со Paratissima Skopje на 17ти ноември со почеток во 20:00 часот ве поканува на вајaрската изложба „Ex Parte Hominis“ од нашата уметница Дона Урдинов.


Проектот е центриран околу проучувањето на креацијата на ликови во форма на вајарство, 3д моделирање и концепт арт. “Често овие ликови се инспирирани или директно поврзани со животинското царство, бидејки тоа за мене е едно од главните примери за избалансиран дизајн.“ вели Дона. Инсектите се еден од нејзините најчести извори на инспирација, како за дизајн и служат и за приказ на емоционалниот контраст помеѓу човечкото во нејзините дела, со цел да ги нагласат едноставноста, свесноста и етосот во ликовите.

Урдинов е вајар и 3д карактер артист со светска публика. Како ќерка на светски афимираниот уметник Киро Урдин уште од почетокот на нејзиниот живот имала привилегија да биде опкружена со уметност, што придонело да стане нејзина пасија. Следењето на својата страст ја води до студии во Гномон во Холивуд. Една од најдобрите академии за анимација и визуелни ефекти во филмови и игри во светот каде што Дона освојува повеќе награди и признанија. Пред да дипломира, таа успева да добие пракса во компанијата Тенскај, основана од познатиот концепт артист Чарли Вен. Поради своите таленти, набрзо таму ја превзема главната улога како 3д карактер артист. По завршувањето на нејзините студии Дона неуморно се стреми да достигне нови височини во нејзината уметност.

Делата од проектот „Ex Parte Hominis“ ќе бидат изложени во арт-кафе Concept 37, во Скопје, од 17ти до 24ти ноември.

Translate »