Момче ја уценувало својата поранешна девојка дека ќе објави нејзини фотографии
Љубовна драма со месеци се случувала помеѓу еднa скопскa љубовна двојка, во која девојката освен што била постојано под закани, на крајот била и истепана, бидејќи решила да ја прекине врската со своето десет години помладо момче.
Имено, според полициски информации, четириесет и едногодишната Л.Е., вчера пријавила во полициска станица дека нејзиниот поранешен љубовник, триесет и две годишниот З.П., ја уценувал со објавување фотографии со експлицитна содржина и дека физички ја нападнал.
Скопјанката била три години во љубовна врска со дест години помладото момче, но, кога во мај, годинава, одлучила да ја прекине врската, сега веќе поранешниот нејзин партнер, не можел да го прифати тоа, па почнал да и’ се заканува телефонски дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина на нејзини роднини и пријатели.
По краток период, очајниот љубовник испратил дел од фотографиите на „Фејсбук“ профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка.
Но, тука не престанала голготата на скопјанката. Момчето разочарано од прекинот на љуобвната врска дошол кај непрежалената љубов на работа и ја истепал.
Таа на полицајците им рекла дека со месеци се плашела да го пријави настанот, бидејќи разлутениот оставен дечко, ја следел и неа, но и нејзината ќерка, и тоа подолг период.
Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.