Мугабе бара уште неколку месеци

Роберт Мугабе, претседателот на Зимбабве побара уште неколку месеци за неговата оставка во преговорите кои што го води со армијата, изјави Крис Муцавангва, кој  го води влијателниот сојуз на ветерани.

Крис Муцавангва е соработник на сменетиот потпретседател Емерсон Мнангагва, кој што се очекува да ја води новата влада.

– Ќе мора денеска да ја донесе одлуката за заминување. Ако не си отиде, тоа ќе го решиме утре, рече Муцавангва.

Мугабе денеска за прв пат се појави во јавноста откако беше ставен во куќен притвор во средата, кога армијата ја презеде власта

Translate »