Некогаш секс-бомби, а сега непрепознатливи
Пластичните операции, но и годините ги направија непрепознатливи.Овие холивудски и музички ѕвезди веке не личат на себе. Во потрага по вечна младост, многу од актерските ѕвезди легнаа под хируршки нож, но ефектот за некои од нив е поразителен. Некои други пак, тивко и мирно остареа и потонаа во заборав. Еве како некогаш изгледаше актерот Метју Пери од “Френдс”.
Дивото момче Аксел Роуз од „ Ганс енд Роузес“ и натаму се обидува да остане рокер но дали навистина му успева?
Обожавателите на Рене Зелвегер не можат да ја препознаат својата омилена ” Бриџит Џоунс “. Сепак, таа упорно тврди дека нема направено пластична операција
.
Бурен живот , борба со зависност го направија своето. И покрај скапите третмани и операции, вака денес изгледа актерката Мелани Грифитс.
Секс симболот од 80-тите Мики Рурк, познат по култниот филм,, Девет и пол недели”, каде партнерка му беше Ким Бесинџер, сега добива боксерски улоги и вели дека ужива во новиот имиџ.
Желба на фолк пејачот Кени Роџерс е уште еднаш да настапи со Доли Партон па да стави точка на својата кариера. Иако има 79 години , вели дека уште има време да го оствари својот план.
И омилената актерка на режисерот Тарантино, Ума Турман (47) негира дека имала интервенција на естетска хирургија. Можеби е во прашање само шминката или некој тука малку лаже.