Министри во комбе прават ,,селфи,,

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на свoјата фејсбук-страница објави фотографија од македонските и од бугарските министри како се возат во комби, со наслов „Добрососедство… #МКБГ во Струмица“.

Освен Шекеринска, на сликата се и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, како и шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

Портпаролот на владата, Миле Бошњаковски, вели дека комбињата се користеле за транспорт на министрите во Струмица.

Translate »