СЗО: Над 100 илјади деца починале од лажни лекови

Светската здравствена организација соопшти дека околу 11 отсто од лековите во земјите во развој се фалсификувани, и дека тие се веројатно причина за смрт на десетина илјади деца од болести како што се маларија и воспаленија на белите дробови.

Ова е прв обид СЗО да го процени и да го разгледа овој проблем, пренесува АП.

Експертите разгледале 100 студии за над 48.000 лекови. Речиси 65 отсто од фалсификуваните лекови ги сочинуваат лековите за лечење на маларија и бактериски инфекции.

Научниците кои ги ангажирала СЗО од Универзитетот во Единбург проценуваат дека меѓу 72.000 и 169.000 деца починале од воспаление на белите   дробови откако примиле лажни лекови.

Translate »