До мазно и сјајно лице, само со компир и уште неколку состојки!
До мазен и проѕирен тен само со природни состојки! Заборавете на скапата козметика, свретете се кон природата.
Комир и краставица
Измешајте сиров компир и половина краставица во блендер додека не добиете убава текстура. Нанесете нежно на лицето со кружни движења и оставете го 25 минути. Исплакнете со млака вода.
Компир и лимон
Во блендер или ренде добро измиксајте го компирот и додадете сок од половина лимон додека не добиете хомогена текстура. Нанесете ја смесата на лице со кружни движења и оставете 20 минути. Исплакнете со вода.
Кокосово масло
Згрејте го кокосовото масло и натопете ја ватата или тампонот во него . Нежно масирајте ги проблематичните делови на кожата околу 2 минути. Оставете го да стои неколку минути и избришете го лицето со памук. Повторете 2 пати на ден.
Оцет од јаболко
Се меша јаболков оцет со вода во ист размер и се тапка нежно по лицето. Оставете преку ноќ. Измијте го лицето наутро со млака вода.
Зелен чај
Оставете ќесичка на зелен чај во топла вода неколку минути. Потоа отстранете ја и додадете мед и сок од лимон. Намачкајте во тенок слој на лицето и оставете да стои неколку минути па измијте со млака вода.
Лимон
Исечете го лимонот на половина и нанесете го директно на лицето во кружни движења. По 5 минути и исплакнете го лицето со ладна вода.
Мед
Се нанесува тенок слој мед на чисто лице и го оставете да остане 15 минути. Потоа исплакнете го лицето со млака вода, повторете секој ден.
Алое Вера
Гелот од алое вера е фантастичен за кожата, доколку можете да си го дозволите ставајте го секојдневно на лице. Нека биде тоа ваша дневна рутина.
Маслиново масло
Нанесете неколку капки масло на лицето и нежно масирајте со кружни движења. Оставете неколку минути и избришете го лицето со крпа натопена во млака вода. Повторете секоја вечер пред спиење.