Обдукцијата откри со каков отров се самоуби хрватскиот генерал

Холандското обвинителство ги објави резултатите на обдукцијата на телото на осудениот воен злосторник Слободан Праљак. Според  токсиколошката анализа,  хрватскиот генерал се отрул со цијанид од кој му запрела работата на срцето. Праљак го испил отровот неколку секунди откако во судницата во Хаг му била изречена казната затвор од 20 години. Инаку цијанидот предизвикува вртоглавица, забавување на работата на срцето, низок крвен притисок, парализа на дишниот систем и губење на свеста, по што следи смрт. Се уште е  енигма како Праљак дошол до отровот, а постојат сомневања дека некој му го  доставил однадвор.

Translate »