Видео: Две момчиња загинаа, додека се снимаа со камера

Шокантна несреќа го потресе Балканот. 21 годишните братучеди Енес и Ахмед Муратович загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи недалеку од Тузла во Босна и Херцеговина. Со нив во авомобилот во тој момент било уште едно малолетно момче, кое за среќа преживеало, но се стекнало со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила кога Пасат управуван од Енес Ахмед удрил во бетонски објект. На совозачкото седиште седел братучедот Ахмед, а позади нив бил шеснаесет годишникот. На местото на настанот веднаш пристигнала против пожарната служба, а за да ги извадат телата од автомобилот им биле потребни неколку часа.

Ахмед Муратович на само неколку часа пред кобната несреќа поставил видео запис на својот Инстаграм профил на кој се гледа како автомобилот вози со брзина од околу 200 км/час.

Погледнете го видеото во прилог:

Translate »