Груевски ветува транспарентност во редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, ветува дека процесот на избор на неговиот наследник ќе биде транспарентен. Во изјава на излегување од судот, тој не сакаше да посочи кој , според него, би бил фаворит да го замени на лидерската позиција. Во јавноста се шпекулира со неколку имиња, меѓу кои и Христијан Мицковски, Илија Димовски, Антонио Милошоски и Никола Тодоров. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука на 23 декември да се одржи конгрес на кој ќе се констатира оставката на Груевски и ќе се избере нов претстедател н партијата.