Пет работи кои Александар Ристовски-Принц никогаш не би ги направил

 

Александар Ристовски-Принц и неговата  екипа наскоро ќе ги видиме на турнеја низ Македонија, а за Нова Година ќе го промовира новиот албум,  насловен  ”Шарена Банана”!  Паралелно, во јануари подготвува и нов проект со Femme Fatale . Кога, ако не сега??По се изгледа наредната година ќе биде година на Принц кој за  Радар. мк открива кои пет работи никогаш, ама баш никогаш, не би ги направил!

1.Никогаш…. не би рекол никогаш. Од дистанца работите делуваат едноставни и дека треба да се црно-бели. Сепак, постои огромна сива зона која не можеш да ја перцепираш од дистанца и само како набљудувач. По скопски се вика “ Затоа не с**и многу, не знаеш како му е”.

2. Никогаш не би игнорирал интуиција, идеја, страст и страв! На ниедно од овие не им се плашам, па нека биде што треба да биде. ” И да погинеш, колко можеш ќе се спасеш “.

3.Никому не правам филмови . Тоа е што е , секогаш може и боље.

4. Никогаш не настапувам пред некого ако нема исполнети соодветни услови , од технички до суптилни детали. Не сум умислен, туку уверен дека имам продукт кој треба соодветно да се презентира.

5.Никогаш нема да дозволам сексот да го потценуваат искомплексирани филозофи. Сексот ги отвора портите на универзумот. А тој не е у равенки напишани на табла, тој е кодиран во воздишките и страста.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Translate »