Професорка, качена на клупа, го кубе ученикот за коса: Разбуди се ! (Видео)

Професорката добила отказ откако видеото, снимено од учениците, било постирано на интернет. На снимката таа  се обидува да го разбуди ученикот , кој дреме на клупата и си ја покрива главата со палтото за да продолжи да спие. Иако училишниот менаџмент ја отпуштил професорката без многу размислување, голем број родители, но и ученици ја поддржааа бидејќи , како што велат, се работи за одличен педагог.

Професорката Лиза Хјустон самата вели дека само се шегувала со учениците.

“Знам дека видеото е грдо ,  но јас ги сакам моите ученици и блиска сум со нив. Жал ми е што во  јавноста ова сосема поинаку го сфати,” вели професорката која 30 години се занимава со оваа професија.

Во училиштето имаше и протести на кои учениците и дел од професорите бараат таа да се врати на работа.

Инцидентот се случил во Јужна Каролина.

 

Translate »